Погба подготвен да бара трансфер во Реал Мадрид

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Пол Погба е подготвен на лето да поднесе барање за трансфер пишува англискиот весник „Тајмс“. Според весникот, Погба преку неговиот менаџер Мино Рајола на лето ќе побара да биде ставен на трансфер листата доколку Манчестер јунајтед не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Како негова можна дестинација се споменува Реал Мадрид кој не крие дека е подготвен да реагира доколку Французинот биде ставен на трансфер листата.

Манчестер јунајтед моменто се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер лигата во 61 освоен бод, два помалку од Арсенал и Челси кои се четврти и петти на табелата на шест кола до крајот на сезоната.

– Го обожувам стилот на игра на Погба. Тој е еден од малкумината фудбалери кои можат да доминираат на играта како него. Погба е фудбалер кој знае да игра одбрана, да игра во напад и да креира акции. Но тој е играч на Манчестер јунајтед и мора да го почитуваме тоа. Доколку биде достапен на трансфер пазарот дефинитивно ќе реагираме – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Ниту англискиот тим нема намера да се седи со скрстени раце и уште сега започна со плановите за следната сезона. Менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе добие 200 милиони фунти за засилувања, а доколку биде продаден Погба и тие пари би се искористиле за ангажман на негова замена.
Деклан Рајс од Вест Хем и Арон Ван-Бисака од Кристал Палас се речиси сигурни нови играчи на Манчестер, а остатокот од парите би се искористиле за ангажман на елитен дефанзивец, Калиду Кулибали од Наполи и Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот