Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите

ДИК Фото: Драган Митрески

Најавени се приговори од други политички партии, но тие се уште не се пристигнати до ДИК.

До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара.

Вечерва во 19 30 завршува 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.

СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии, но тие се уште не се пристигнати до ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот