Почна конститутивната седница во Собранието, Силјановска му честита на Џафери за внукот

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Во моментов во законодавниот дом се одржува продолжението на конститутивната седница на која Талат Џафери, досегашниот спикер, треба повторно да биде избран за претседател на Собранието.

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Пратеничката Гордана Силјановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го искритикува Талат Џафери затоа што во последен момент ја закажал седницата, а не неколку дена претходно како што било ред.

-Собранието се конституира со избор на претседател на Собранието. Ние се информиравме од медиумите. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за откажување на седницата. Ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш може и без дедото – истакна Силјановска.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме” со Беса, ДУИ и ДПА.

Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Поради пандемијата, конститутивната седница се одржува под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови се поставени средства за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот