Почна „Големото преселување“ во Истанбул

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Почна преселувањето на аеродромот „Ататурк“ во новиот аеродром „Истанбул“ во Турција. Досега се преместени 38% проценти од вкупниот материјал, а целосното преселување што започна во 3.00 часот по локално време се очекува да биде готово на 6 април во сабота во 23.59 часот.

707 шлепери ќе ги пренесат материјалот и возилата во текот на преселувањето, а 1.800 лица ќе бидат одговорни за целата процедура којашто се планира да трае вкупно 45 часа.

Во првата етапа, 167 авиони од „Туркиш ерлајнс“ ќе слетуваат празни на новиот аеродром, додека другите авиони ќе бидат испратени според достапноста на аеродромот.

Аеродромот „Ататурк“ е изграден за воени цели во 1912 година, првите цивилни летови од аеродромот почнале во 1933 година, додека во 1953 е пуштен за меѓународни летови, а сегашното име, заедно со денешниот модерен изглед, го има добиено во 1985 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот