Profimedia

Почина Томи Листер од „Петтиот елемент“: Имал симптоми на коронавирус, но тестот бил негативен

Почина 62-годишниот американски актер Томи Листер (62), кој го помниме по улогата во филмот „Петтиот елемент“.

Иако седум дена пред да почине Листер ги имал сите симптоми на коронавирусот, резултатот од тестот покажал дека е негативен на ковид-19.

– Тој беше нежен гигант и единствен човек. Ми беше како брат 20 години – изјавила неговата менаџерка Сини Кован за магазинот „People“.

Како што рекла Кован, Листер требало да снима филм минатиот викенд, но снимањето било  откажано поради неговата лошата здравствена состојба.

– Само се пожали и се чувствуваше премногу слабо – додала менаџерката.

Откако не одговорил неколку дена, пријателот на Томи отишол да го посети и го пронашол мртов во неговиот стан во Марина Дел Реј.

Причината за смртта сè уште се утврдува, но се шпекулира дека токму коронавирусот го однел на другот свет.

Листер глумеше во филмовите „Runaway Train“, „Blue City“ и „ Beverly Hills Cop II“ во осумдесеттите години, но негова најзабележителна улога е улогата на претседателот во филмот „Петтиот елемент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот