Почина Ристо Стефановски, долгогодишен раководител на Драмскиот театар

Фото: Драмски театар

Ристо Стефановски – театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар во Скопје, почина денеска на 94 години, соопшти театарот. Стефановски 26 години раководеше со Драмски, од 1957 до 1983 година, и беше значаен фактор во градењето и создавањето на современиот македонски театар

Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје, кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потврден од најпрестижните театарски фестивалски награди и признанија на ниво на Југославија. Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот