Почина едно од повредените деца во пукањето во училиштето во Финска

Пукање во училиште во Финска / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА.

Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. Полицијата соопшти дека апсењето поминало без проблеми.

Од јавноста беше побарано да се држи подалеку од областа додека полицијата продолжува со истрагата во основното училиште во областа Виертола во Вантаа, на југот на Финска, потсетува ДПА.

Пукање во училиште во Финска, уапсен напаѓачот, има и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот