Почина британската филмска икона Ширли Ен Филд

Фото: Everett Collection / Everett / Profimedia

Британската актерка Ширли Ен Филд почина на 87-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство, пишува „Метро“.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека Ширли Ен Филд почина мирно во недела на 10 декември 2023 година, опкружена со семејството и пријателите. Ширли Ен многу ќе ни недостасува, а ние ќе ја паметиме по нејзиниот нескротлив дух и неверојатното наследство кое опфаќа повеќе од пет децении на сцената и екранот“, пишува во соопштението.

Ширли Ен Филд беше ѕвезда на сцената и на големото платно, а се прослави во 1960-тите со нејзината улога во „Забавувачот“ покрај Лоренс Оливие. Тааа глумеше и во „Алфи“ и „Сабота навечер и недела наутро“.

Родена е во Форест Гејт, Њухам, на 27 јуни 1936 година и стана позната како Ширлејн Брумсфилд.

Таа ja започна кариерата како модел во текот на 1950-тите, а дури подоцна почна со актерството, појавувајќи се во комедијата „Губитниците земаат сè“ од 1956 година.

Потоа следеше мјузиклот „Ова е убав свет“, а дури потоа и улогата на Тина Лапфорд, по која се прослави во филмот „Забавувачот“.

Ширли глумеше во повеќе од 70 проекти. Меѓу другите улоги се издвојуваат онаа во филмот „Војниот љубовник“ од 1962 година, со Стив Меквин и Роберт Вагнер, како и онаа во филмот „Мојата убава перална“ со Даниел Деј Луис.

Нејзините неодамнешни проекти беа „Доктори“, „Последно вино од летото“, „Сметката“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот