Почетокот на бонус играта „БОНУС ONLINE“ Државна Лотарија го одбележува со донација за Институт за белодробни заболувања кај децата во Козле

Државна Лотарија - Донација во Козле

Државна лотарија на барање на учесниците во игрите на среќа започна втора сезона од бонус играта за забава и добивки „БОНУС ONLINE“. Почетокот на играта, го одбележа со автомобилистот Ристо Вуков – Рико, кој вчера, на 9.6.2022 год, гостуваше во Лото емисијата и за првпат во втората сезона, симболично го заврте тркалото на среќата.

Сумата од 100 000 денари испишана на полето на коешто застана стрелката, Државна лотарија ја триплираше, со цел донација од 300 000 денари за ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ.

Нашиот спортист Ристо Вуков – Рико е еден од нашите најдобри автомобилисти којшто како бренд амбасадор ја пренесува пораката за одговорно учество во игрите на среќа, поволностите на брзото, лесно и безбедно онлајн учество преку веб-страната www.loto.mk и потсетува дека преку учество во игрите на среќа на Државна лотарија, сите придонесуваме за поддршка на општествено корисни цели.

Сите коишто сакаат да учествуваат во бонус играта „Бонус ONLINE“ можат да се регистрираат брзо, безбедно и лесно на веб страната www.loto.mk и да ги уплатат среќните бројчиња. Доколку бидат извлечени по електронски пат добиваат ексклузивна можност да го завртат Тркалото на среќата во Лото емисија и да добијат бонус од 50 000, 100 000 или 150 000 денари.

Минатата сезона на бонус играта „Бонус ONLINE“ беа освоени вкупно 2 200 000 денари, а со тоа испишавме бројни среќни приказни на нашите ONLINE играчи.

Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествени одговорни цели согласно своите начела и стратегија на делување.

Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.

Повеќе податоци на www.loto.mk


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот