По „Воинот на коњ“ и таблата на „Филип Втори“ ВАНДАЛИЗИРАНА (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание” ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена.

Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје

На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споменици припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.

Поставување на ознаките во Скопје е во надлежност на градските власти и е под видео надзор и редарска служба.

Фото: Слободен печат/Драгan Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот