По стравичниот земјотрес: Започна судскиот процес за 32 лица кои неодговорно граделе згради во Албанија

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Обвинителството побара мерка „притвор“ за неколку поранешни функционери кои беа уапсени завчера, меѓу кои и за поранешниот градоначалник на општина Фарк, Фатбард Плаку и поранешниот градоначалник на Кашар, Бесник Фучиа.

Во Кривичниот суд во Тирана денеска започна судскиот процес против 32 лица кои беа уапсени поради последиците од земјотресот кој што се случи на 26 ноември 2019 година.

Обвинителството побара мерка „притвор“ за неколку поранешни функционери кои беа уапсени завчера, меѓу кои и за поранешниот градоначалник на општина Фарк, Фатбард Плаку и поранешниот градоначалник на Кашар, Бесник Фучиа, пишува „Клан“.

За поранешниот градоначалник на општина Кашар, Фаик Фејзон, кој беше на функцијата градоначалник во периодот од 2004 до 2007 година, обвинителството побара мерка „домашен притвор“.

Во рамки на оваа операција беше побарано апсење на 41 лице.

Инаку слична акција беше преземена и во Драч, каде 18 лица беа изнесени пред лицето на правдата во врска со последиците од силниот земјотрес кој што ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година, во кој животот го загубија 51 лице додека илјадници беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот