По само десет дена: Филип Пасху е разрешен од функцијата в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“

Фото: Град Скопје

Филип Пасху е разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“, а на негово место е именуван Бојан Христовски.

– Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие, наведоа од Град Скопје.

Пасху беше назначен на функцијата на 31 декември 2021, и во тогашното соопштение од Градот не беше наведено дека тој е времено решение, туку стоеше дека поставен е нов в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“.

Новиот в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски е магистер на науки на Факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски”, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки, соопштија од Град Скопје. Од Град Скопје додадоа дека Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции.

Арсовска предновогодишно назначи уште еден директор во Скопје – Филип Пасху во „Градски паркинг“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот