По разорниот земјотрес, Хаити погодени од тропска бура

Тропска бура на Хаити. / Фото: EPA-EFE/Orlando Barria

Бројот на загинати во земјотресот што во саботата ги погоди Хаити порасна на 1419 лица, додека бројот на повредени се искачи на 1600. Голем број луѓе сѐ уште се сметаат за исчезнати.

И додека трае потрагата за преживеани Хаити го поди сила тропска бура, јави Би-би-си. Бурата Грејс се очекува да донесе 25 сантиметри дожд на метар квадратен. Силен дожд веќе зафати делови од Хаити.

Саботниот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 степени по Рихтер и уништи 13.694 домови, а исто толку се оштетени.

САД, Мексико, Еквадор и Доминиканска Република испратија помош во храна и медицинска опрема, како и спасувачи во оваа најсиромашна карипска земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот