По пауза од една година, грипот повторно се врати: Децата најмногу на удар

Во Клиниката за белодробни заболувања кај децата Козле, значително паѓаат бројките на хоспитализирани деца поради компликации со ковид, но значително е зголемен бројот на амбулантски случаи, вели директорот на болницата Бесник Зекири.

По една година пауза поради пандемијата со коронавирус, поради која носењето заштитни маски беше задолжително и на отворено и во затворен простор, оваа сезона грипот потворно се врати. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети во изјава за „Слободен печат“ вели дека значително е зголемен бројот на пациенти болни од сезонски грип.

– Во моментов значително е зголемена бројката на пациенти позитивни на сезонски грип. И покрај шпекулациите, немаме пациенти позитивни на свински грип. Во сите здравстени домови има вакцини против грип кои значително помагаат во овој период од годината, кога е актуелен сезонскиот гри. Кој сака може да се вакцинира, вели Мемети.

Дека навистина грипот е се поприсутен потврдува и претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова. Според неа, причина за зголемениот број на пациенти е топлото време некарактеристично за овој период од годината.

– Ова е период на грипови, најголемиот пик го очекуваме во февруари. Имаме повеќе пациенти со бронхити и бронхопневмонии. Не можам да кажам дали се работи за специфичен вид на грип, како свинскиот, на пример, посебно затоа што во внатрешноста на Македонија нема лаборатории кои тоа ќе го потврдат, а нема ниту услови сите пациенти да се испраќаат во Скопје за анализа. Но важно е дека сите пациенти успешно се лекуваат, вели Чолакова.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во сезоната  2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 1.148, што е 3,6 пати повеќе во споредба со истиот период од минатата сезона, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира зголемување од 16,2%.

Најголем број на заболени лица е регистриран на територијата на Дебар, а најголем број од заболените се на воздраст од 15-64 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4.

Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2021, сезона 2019/2020, сезона 2020/2021 и сезона 2021/2022
Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2021, сезона 2019/2020, сезона 2020/2021 и сезона 2021/2022

Во Клиниката за белодробни заболувања кај децата Козле, значително паѓаат бројките на хоспитализирани деца поради компликации со ковид, но значително е зголемен бројот на амбулантски случаи, вели директорот на болницата Бесник Зекири.

– Кај нас паѓаат бројките на хоспитализирани пациенти поради ковид. Во моментов во болницата имаме девет деца позитивни на ковид, но сите се стабилни и во добра општа состојба. Од друга страна се зголемува бројот на амбуланстски случаи со настинки и сезонски грип. Поголемиот број од нив се испраќаат на домашно лекување, по претходно препишана терапија, а тие што треба да се хоспитализираат ги препраќаме на Детска клиниката. На удар најчесто се децата на воздраст од 6 до 12 години, вели Зекири.

Јасна Јермилова, познат педијатар од Скопје, вели дека бројот на болни деца не отстапува од нормативите карактеристични за овој период од годината.

– Овој период од годината секогаш сме имале толку работа, бројот на пациенти не отстапува од нормативите. Клиничката слика кај децата укажува на вирус, но кога времето е топло вирусите доминираат, а не се исклучува можноста да се работи и за грип. Дневно во мојата ординација доаѓаат околу 50 деца, но само мал број од нив се со сериозни потешкотии и причина за хоспитализација, вели доктор Јермилова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот