По Нова година, градинките во Нови Сад ќе бидат бесплатни

Фото: Архива на Слободен печат

Од 1 јануари 2020 година трошоците за престој на деца во градинките во Нови Сад целосно ќе ги покрива градската управа.

– Родителите веќе нема ништо да плаќаат, изјави градоначалникот на Нови Сад – Милош Вучевиќ.

– Престојот на околу 16.500 деца во градинките во Нови Сад целосно ќе биде финансиран од градот. Сакаме на таков начин да помогнеме за пронаталната политика – изјави Вучевиќ за српски медиуми.

Тој потсети дека државата издвојува пари за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови по повластени цени, но дека тие како локална самоуправа сакаат да се вклучат и да дадат придонес така што родителите ќе ги ослободат од плаќање надомест за чување во градинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот