По инспекциски надзор, инвеститорот ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец”

 По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денеска инвеститорот самостојно ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец”, информира градоначалникот на општина Центар на својот ФБ профил.

Тој во својот фејсбук статус напиша дека откако завршил инспекцискиот надзор констатирано било дека инвеститорот не поседувал одобрение за градбата и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење, самиот ја отстрани градбата.

-Упатувам апел до сите инвеститори кои имаат добиено решенија, самостојно да си ги отстранат нелегалните објекти. Во спротивно Општината административно ќе ги изврши, а трошокот за извршувањето ќе падне на товар на инвеститорите, напиша Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот