По 146 дена штрајк: Холивудските сценаристи постигнаа привремен договор со големите студија

Фото: EPA/SEAN MASTERSON

Најверојатно Холивуд ќе може да здивне. Здружението на сценаристи на Америка постигна привремен договор со големите студија и стриминг-сервиси за нов тригодишен договор, со кој се ветува прекин на 146-дневниот штрајк, а кој нанесе голема штета на филмската индустрија, пренесува „Варајети“.

Преговарачите за Здружението на писатели на Америка  и Алијансата на филмски и телевизиски продуценти конечно постигнаа цел, по дури пет последователни преговори.

На четвртиот ден од преговорите, адвокатите на двете здруженија главно беа ангажирани за пишување на најмалите детали за комплицираните и револуционерни дополнувања на основниот договор, во врска со употребата на вештачката интелигенција во производството на филмска и телевизиска содржина.

„Многу сме горди што можеме да кажеме дека овој договор е исклучителен – со значителни придобивки и заштита за писателите во секој сектор на членството“, напиша преговарачкиот комитет на организациите.

Самиот штрајк ќе остане во сила во текот на процесот на одобрување и ратификација на договорот. Но, од недела навечер, јавните протести се прекинати. Водачите на синдикатот се очекува да гласаат во вторник, за тоа дали официјално да се укине наредбата за штрајк против потписниците на Алијансата на филмски и телевизиски продуценти.

„Да биде јасно, никој не смее да се врати на работа, додека не добие одобрение од здружението за тоа. Дотогаш сè уште штрајкуваме“, се наведува во пораката до членовите.

Деталите од договорот нема да бидат објавени, додека не се постигне конечната верзија на договорот. Раководството на Алијансата на писателите на Америка очекува да гласа за конечниот пакт во вторник. Доколку се изгласа,  договорот ќе биде испратен до 11.000 членки на Алијансата на писателите на Америка на ратификација.

Членовите на Американската федерација на телевизиски и радио уметници, кои исто така штрајкуваа од 14 јули, беа првите кои им честитаа на сценаристите за надминување на најголемите пречки со Алијансата на филмски и телевизиски продуценти.

Трошоците за штрајкот на холивудските сценаристи тежат 429 милиони долари!

Холивудските актери го започнаа штрајкот: Ѕвездите на „Опенхајмер“ ја напуштија премиерата во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот