Плинска боца за кафе предизвика пожар во стан во Ново Лисиче

Пожарот го гаселе 18 пожарникари со пет возила, а пристигнале и две возила на Итна помош.

Од запалениот стан во Ново Лисиче, каде попладнево изби пожар, пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не можел да оди па го симнувале во количка.

Неподвижната жена со Итна помош е пренесена во болница. Пожарот е изгаснат, а предизвикана е само материјална штета.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски вели дека една екипа пожарникари го гаселе пожарот, а друга ги извлекувала луѓето од станот. Пожарот, вели Симоновски, се раширил од плинска боца на која вареле кафе.

– Мажот варел кафе на плинска боца. Се потпалил чаршафот и од таму огнот се раширил насекаде. Во соседната соба беше неподвижната жена, живее на дијализа со приврзани апарати на неа. Ја извлековме, докторите ја прегледаа и утврдија дека ѝ треба доолнителна помош. И мажот се пожали дека не може да оди, од стресот рече дека не му функционираат нозете. Тој е подвижен, прво го изнесовме на тератсата, а потоа го симнавме. Во станот имаше петмина – изјави командантот Симоновски.

Од чадот во паника биле и останатите станари на зградата. Симоновски вели дека и покрај препораките во случај на пожар да не се користи лифт, станарка од зградата тргнала да излегува и се заглавила во лифтот па пожарникарите и неа ја спасувале.

Пожарот го гаселе 18 пожарникари со пет возила, а пристигнале и две возила на Итна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот