Плажа во Улцињ која е наменета само за жените, мажите не смеат да влезат од мај до октомври

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Плажата на црногорската ривиера, на која мажите не смеат да влезат од мај до октомври, во текот на сезоната е исклучително посетена од жени. Тоа не е чудно, ако знаете дека нејзиниот назив е многу едноставен – Женска плажа.

Сепак, многу дами на таа плажа не доаѓаат од разонода, туку од желба за потомство. Благодарение на водата богата со сулфур, на прво место, која извира токму на Женската плажа во Улцињ, многу од нив таа желба си ја исполниле. Многу лекари ја препорачуваат за лекување на стерилитет.

Легендата за потеклото на уникатната црногорска плажа

Сосема очекувано, местото кое стана познато по своите лековити својства е придружено и со легенда за неговото настанување. Исмет Караманага, по потекло од Улцињ, таа легенда ја запишал во својата книга „Стариот град, легенди и уметност“.

Во неа се споменува извесен Алија Уручиј, кој бил пират од Улцињ. Бил во брак со Султанета, која многу ја сакал.

За жал, тие не можеле да имаат потомство, па според тогашните закони Алија требало да ја остави сопругата и да се ожени со друга, со која ќе може да има деца. Како што понатаму вели народната легенда, бидејќи тој многу ја сакал Султанета, не можел да замисли да живеат разделени, таа со друг маж, тој со друга жена.

Некаде постои верзија дека Алија во очај одлучил да ја убие и тоа ѝ го соопштил на својата мајка.

Сепак, како и да е, снаата на свекрвата ѝ била многу мила, па најверојатно затоа во сон ѝ се јавил ангелот. Тој ѝ рекол на свекрвата да ја однесе снаата на место во близина на Улцињ, каде што се наоѓаат извори со сулфурна вода и во нив да се капе 21 ден.

Така и направиле.

Набрзо потоа, според легендата, Алија и Султанета добиле потомство.

Ритуали на Женска плажа

Претходно се почитувале бројни ритуали, кои се опишани во споменатата книга. Но, како што се менувале времињата, така се менувале и ритуалите.

Денес на оваа плажа, во текот на поголемиот дел од годината се собираат жени од целата земја, но и од околните земји, па дури и од светот, кои имаат само една желба. Според сведоштвата на многумина, таа желба им се исполнува.

Покрај тринеделното пливање во сулфурна вода и сончањето на Женската плажа, повеќето од нив тука успеваат и да го пронајдат својот мир.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот