Платформата „eTrader“ останува бесплата и по вонредната состојба

Како што информираат денеска од Македонската берза, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.

Инвеститорите кои ја користат платформата за далечинско тргување „eTrader“ ќе може истата да ја користат бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба. Ваква одлука донесе одборот на директори на Македонската берза за електронско тргување. Инвеститорите со новата одлука бесплатно на оваа платформа ќе може да тргуваат до 30 септември годинава.

-И во оваа прилика, апелираме до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот КОВИД-19, соопшти Македонската берза.

За подетални информации околу користење на eTrader, како што се наведува во соопштение, инвеститорите треба да се обратат кај својот брокер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот