Петровска: Нема друга опција за демократски свет, Македонија ќе продолжи да и помага на Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на ТВ21

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска порача дека Макеоднија и натаму ќе му помага на украинскиот народ „во борбата против рускиот агресор до конечна победа“.

„Нема друга опција за слободниот и демократски свет освен Украина да победи во оваа неправедна војна“, истакна таа.

На официјалната седница на Владата по повод четвртата годишнина од членството на земјата во НАТО, Петровска додаде дека Македонија досега испратила 14 пратки со помош во воена опрема за Украина и „извршила обука на нејзина територија“.

„НАТО значи безбедност и стабилност и тоа нашите граѓани го знаат. Но членството во Алијансата е многу повеќе. Седиме на иста маса, рамноправни обединети во Сојуз на 32 демократски земји кои веруваат во исти вредности“ истакна министерката Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот