Петгодишно девојче го спасило своето братче откако родителите им загинале во сообраќајка

Австралија полиција/ Фото: jason freeman / Alamy / Alamy / Profimedia

5-годишно девојче го спасило животот на своето братче откако нивните родители загинале во сообраќајна несреќа, оставајќи три мали деца заробени во урнатините повеќе од два дена во оддалечен дел од руралните средини на Западна Австралија, објави Си-Ен-Ен.

Австралиската полиција соопшти дека семејниот „Ленд Ровер“ бил пронајден вчера во Кондинин, на околу 280 километри источно од градот Перт. Родителите Синди Бредок (25) и Џејк Деј (28) биле прогласени за мртви на местото на настанот, додека нивните три деца ја преживеале несреќата.

Сепак, децата останале заробени во возилото со нивните мртви родители на високи температури додека не биле откриени од загрижен член на семејството. Петчленото семејство, вклучително и едно девојче и нејзините двајца браќа, на возраст од 1 и 2 години, беше пријавено за исчезнато еден ден претходно бидејќи не стигнале на прославата на Божиќ.

Братучедот Мајкл Рид потврди дека 5-годишното девојче го спасило животот на својот најмлад брат ослободувајќи го од детското седиште. „Да не беше 5-годишното дете кое го откопчуваше седиштето на нејзиното братче, тој немаше да биде денес со нас. Девојчето веројатно нема да биде свесно за тоа неколку години“, рече Рид.

Ред истакна дека децата биле изложени на уште поголеми маки поради високата температура. „Тие беа заглавени во автомобилот 55 часа на топлина од 30 степени Целзиусови. Никој не знае низ што поминале“, додаде тој. Од полицијата потврдија дека децата биле пренесени во болница со тешка дехидрација. Нивните повреди не се опасни по живот и се очекува во наредните денови да бидат пуштени од болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот