Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.

„Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок)“, соопштија од владината прес – служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот