Пендаровски: Вархеји и Силва донесоа нон-пејпер, кој е рана фаза за решение

фото Архива

„Станува збор за иницијален сет на идеи што го донесоа Вархеји и Силва, поточно кажано вид на нон-пејпер“, изјави претседателот Стево Пендаровски за емисијата „360“.

Според него, тоа било страна и пол, во која стоеле загриженостите од македонската и бугарската страна.

 

„Силва изјави дека до 22 јуни очекуваат од бугарската страна да кажат да за преговарачката рамка или да кажат повеќе за сетот идеи. Не знаеме дали е отфрлен од Софија, иако некои бугарски медиуми ретерираа дека се уште не е отфрлен, според изјавите на нивниот ресорен министер за надворешни работи. Ние не го отфрливме исто така, иако јас ќе кажам дека ова е рана фаза дека овој документ е основа за решение на спорот со Бугарија“, истакнува Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот