Пендаровски се прошета низ Војводина со Вучевиќ, Пахор и Јанковиќ

Фото: Инстаграм

Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографии од прошетката низ градот, во придружба на претседателите на Македонија и Словенија, Стево Пендаровски и Борут Пахор, како и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Вучевиќ, како што објавија српските медиуми, им покажал на дело на своите гости зошто Нови Сад ја добил престижното признание за европска културна и младинска престолнина на Стариот континент.

„Прошетка низ центарот на градот во друштво на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и големиот пријател, градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ“, напиша Вучевиќ.

Претседателите, судејќи според изразот на лицата, уживале во прошетката низ војводинската престолнина.

Пендаровски присуствуваше на претседателскиот панел на 4. Регионален младински форум, којшто се одржува во Нови Сад, Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот