Пендаровски: Нема место за паника, граѓаните да се информираат од релевантни извори

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Клуге оцени дека нашата држава има добри капацитети и дека презема вистински чекори во подготвеноста за справувањето со коронавирусот.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа. На средбата се разговараше за актуелната состојба со коронавирусот во земјава, како и за најновите информации за ситуацијата со овој вирус во светот.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Клуге оцени дека нашата држава има добри капацитети и дека презема вистински чекори во подготвеноста за справувањето со коронавирусот.

– Тој посочи дека нема место за паника и дека е значајно граѓаните да се информираат од релевантни извори, за да не се дозволи создавање епидемија на лажни вести, со што се согласи претседателот Пендаровски. На средбата се разговараше и за состојбата со аерозагадувањето во нашата држава, при што претседателот Пендаровски рече дека негова заложба е овој проблем да се стави високо на агендите, посочувајќи го примерот со седницата на Советот за безбедност на која во присуство и на невладини организации се разговараше за аерозагадувањето како безбедносен ризик во државата, информира Кабинетот на Пендаровски.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, е во посета на нашата држава по повод одржувањето на вториот национален форум за здравје, насловен „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците”, која ја организира Министерството за здравство со поддршка на Светската здравствена организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот