Пендаровски: Не е исклучено и актуелни функционери да завршат на „црната листа” на САД

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Не е исклучено на „црната листа” на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, вели претседателот Стево Пендаровски.

Шефот на државата во гостувањето во „Само интервју” на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на американскиот тим за санкции на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа”, која очекува да биде надополнета и објавена во догледно време.

Коментирајќи ги забелешките на американската амбасадорка Анџела Агелер за изборот на Ислам Абази за јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Пендаровски истакна дека критиките се реакција на генерално лошите состојби во судството. За него, изборот на Абази не е спорен. Вели дека бил избран на демократски начин, со непосредно изјасување на обвинителите. Потврда за тоа, според него, е и тоа што противкандидатите на Абази кои загубиле, не се пожалиле на постапката и за нелегитимност.

За состојбата во правосудниот систем, шефот на државата рече дека ќе се подобри само кога „политичарите и бизнисмените ќе се откажат од судството”.
Во врска со идејата за генерален реизбор на судиите, Пендаровски кажа дека за тоа немало „пас” од Брисел уште во 2017 година, имајќи ги предвид лошите ефекти од ветингот во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот