Пендаровски: Му симнувам капа на Вучиќ, во сѐ е подобар

Стево Пендаровски и Александар Вучиќ / Фото: Фејсбук

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека со сите балкански претседатели може да се споредува, освен со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој како што рече тој, бил подобар во сѐ.

-На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам, еве му признавам. Во сѐ е подобар од пруги до вакцини, изјави Пендаровски.

Пендаровски: Ако Србија и Косово се договорат за размена на територии, светските сили да гарантираат дека нема да се чепкаат останатите држави во регионот

-Со Александар Вучиќ еве капа долу. Во таа дисциплина во која тој се натпреварува јас објективно нема што да барам, не можам со него да се споредам. Со сите претседатели можам, ама со Вучиќ не, за вакцините и за автопатот, вели Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот