Пендаровски: Ако Србија и Косово се договорат за размена на територии, светските сили да гарантираат дека нема да се чепкаат останатите држави во регионот

фото Архива

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, претседателот Стево Пендаровски зборуваше за косовското прашање и напомена дека мора многу да се внимава бидејќи тоа може да има влијание врз регионот.

– Јас велам ако вие успеете меѓу себе, Белград и Приштина, да договорите и промена на граници и размена на луѓе и територии, притоа има клаузула која ќе ја гарантираат светските сили дека нема да се чепкаат останатите држави во регионот, тогаш потпишувајте. Ефектите од тој договор може да засегнат и неколку други држави, од тој аспект јас се вмешав и предупредив дека тука има и други народи коишто живеат во околината. Рамковниот договор кога го потпишувавме и тогаш беше битно да не се менуваат границите. Уште кога дојдоа главните медијатори рекоа границите нема да се менуваат, внатре каков сакате политички систем направете вие што тука живеете, рече Пендаровски.

Пендаровски вели дека промената на граници по дефиниција е војна. Наведе дека во последните сто години немало мирен договор во регионот, да се префрли население и да се поделат територии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот