Пендаровски: Коронавирусот нема да донесе безбедносни ризици во земјава (ВИДЕО)

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, по состанокот на Советот за безбедност изјави дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет.

– Ја одржавме осмата седница на Советот за безбедност, а присутни беа стандардните членови на Советот. Главна точка беше политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот. Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет. Сепак, најголемата криза и најголмеиот предизвик за нас е пандемијата, бидејќи таа има влијание врз економијата и здравјето, но не очекуваме дека ќе влијае на безбедноста во земјата. Втората точка за која дискутиравме на Советот беа безбедносните состојби за воведување на 5Г мрежата кај нас. Заклучивме дека владата и другите организации треба да ги следат препотаките од НАТО. Заклучивме дека МНР треба да подготви меморандум каков што потпишаа и други членки на Алијансата – изјави Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот