Пендаровски и Радев поради коронакризата го одложија чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим

Од кабинетот на бугарскиот претседател Радев потврдија дека посетата е одложена, и дека со Ватикан ќе биде утврден нов датум за заедничко одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во втората половина од годинава.

Претседателот Стево Пендаровски ја откажува посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј на 24 Мај поради состојбата со Ковид-19, соопштија од Кабинетот на Претседателот.

-Државните делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија веќе неколку години заедно оддаваат почит на 24 Mај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре” како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент” во Рим и Ватикан. Имајќи ја предвид пандемијата на Ковид – 19, како и фактот дека Република Италија е една од земјите која се соочува со големи предизвици, кабинетите на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев донесоа одлука дека одбележувањето ќе го поместат во втората половина на 2020 година кога условите тоа ќе го овозможат, на соодветен ден и датум, стои во соопштението.

Од кабинетот на бугарскиот претседател Радев потврдија дека посетата е одложена, и дека со Ватикан ќе биде утврден нов датум за заедничко одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во втората половина од годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот