Пелоси: Трамп е кукавица и суров

Фото: EPA / Michael Reynolds

Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп бил „кукавица” и „суров” заради тоа што не се занимавал со вооруженото насилство, заштитата на имигрантите и климатските промени, туку кажал дека за сите овие прашања гласачите ќе одлучат на изборите следната година.

Запрашана дали демократите се водени од омраза при почнувањето на процесот на отповикување на Трамп, таа жестоко демантираше, изјавувајќи дека конгресмените си ја извршуваат својата уставна должност да спречат злоупотреби на претседателските овластувања, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот