Пеколно тешка група за Вардар во ЛШ – Слободен печат
РакометСпорт

Пеколно тешка група за Вардар во ЛШ

Во Групата Б се дури три екипи кои настапија на завршниот фајнал фор турнир во Келн но уште и два поранешни европски шампиони.

Европскиот шампион Вардар го очекува тешка група во новата сезона во Лигата на шампионите. Ждрепката сакаше во групата Б во која Вардар е носител да бидат дури три екипи кои беа дел од завршниот фајнал фор турнир во Келн но и уште два поранешни европски шампиони.

Покрај Вардар, во групата Б се и финалистот Веспрем, полскиот шампион Виве Киелце, шампионот од 2018 година, Монпелје и германскиот гигант Кил.

Покрај трите големи фаворити, во групата Б се наоѓаат уште е екипите на Брест Мешков, Мотор Запорожје, Монпелје, Порто и Кил кој доби вајлд карта.

Група А: ПСЖ, Барселона, Фленсбург, Алборг, ПИК Сегед, Загреб, Елверум и Целје.
Група Б: Вардар, Веспрем, Виве Киелце, Брест Мешков, Мотор, Монпелје, Порто, Кил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close