ПЕЈАЧОТ НА МЕТАЛИКА ВО БОЛНИЦА: Сериозни проблеми со АЛКОХОЛОТ И ДРОГАТА, БЕНДОТ објави ТАЖНИ ВЕСТИ – нема КОНЦЕРТИ

фото: Фејсбук

Американскиот бенд „Металика“ (Metallica) објави дека нивниот пејач Џејмс Хетфилд се лекува во неименувана клиника од зависности и поради тоа е откажана турнејата во Австралија и Нов Зеланд.

Останатите тројца членови – тапанарот Ларс Улрих, гитаристот Кирк Хамет и басистот Роб Трухиљо, на Твитер ја објавија одлуката и им се извинија на фановите. Во објавата е наведено дека Хетфилд (56) со години се бори со зависноста и дека повторно се пријавил на програма за лекување.

Не се објавени повеќе детали, но членовите на „Металика“ споменаа дека го ценат разбирањето и поддршката која фановите ја имаат за еден од основачите на групата.

„Металика“ требаше да настапи во пет австралиски градови, а потоа да одржи и четири концерти во Нов Зеланд. Од бендот соопштија дека на сите кои имаат купено карти ќе им бидат вратени парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот