Пецаков ќе добие кривична пријава, требал да биде во самоизолација додека го чекал резултатот од тестот

Фото: Кирил Пецаков /Фејсбук

Полицијата и Центарот за јавно здравје на Охрид проверуваат како и на кој начин градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ги прекршил ковид-протоколите.

Пецаков во средата беше фотографиран како го прославува големиот празник Водици. Само тој знаел дека очекува резултати од тестирање.

Поради прекршувањето на задолжителната самоизолација против него ќе биде поднесена и кривична пријава, дознава Телма.

Во меѓувреме, од МВР испратија кусо официјално соопштение.

„СВР Охрид во координација со Центарот за Јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштија МВР.

Градоначалникот Пецаков тврди дека ПЦР-тестот кој бил направен утрото на 19 јануари бил направен рутински за да влезе во друга земја бидејќи веќе имал уплатено аранжман за зимување.

Пецаков: Се тестирав заради патување во Банско, сега имам негативен тест и немам никакви симптоми

Охридскиот градоначалник Пецаков славел Водици со илјадници луѓе, а бил позитивен на ковид-19

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот