Патување во Шпанија во време на корона не е добра идеја – еве зошто одмор на Тенерифе е голем ризик

ФОТО: Профимедиа

Коронавирусот се рашири низ цела Шпанија, но на некои подрачја има многу повеќе заболени, а во некои само по неколку, како на пример во Галиција се регистрирани пет случаи, а во Навара само 3.

Шпанија има забележана бројка од 1.231 случај на заболени од коронавирус, а 27 лица досега починаа.
Откако 1.000 туристи беа ставени во карантин на две недели на Тенерфе кон крајот на февруари, заминувањето на тој остров, како и било каде во Шпанија би можело да биде многу ризично.
Коронавирусот се рашири низ цела Шпанија, но на некои подрачја има многу повеќе заболени, а во некои само по неколку, како на пример во Галиција каде се регистрирани пет случаи, а во Навара само 3.
ФОТО: Профимедиа

Се чини дека вирусот е концентриран во центарот, со податок дека во Мадрид се регистрирани 220 случаи.

Единствени региони во Шпанија кои немаат регистрирани случаи на заболени се Сеута и Мелија.

Општи препораки се да не се патува во Шпанија во наредниот период. Во Шпанија 25 од починатите имаат над 60 години, а повеќе веќе имале одредени дравствени компликации.

Македонските власти вчера препорачаа да не се избегнува патување во земји кои се од висок и среден ризик според листата на СЗО, а Шпанија спаѓа во средно ризичните земји зафатени од коронавирусот. Од европските земји најризично е да се патува во Италија, Франција и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот