Пашињан: Путин имаше исклучителна улога во запирање на крвопролевањето

Фото: ЕПА

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одиграl исклучителна улога во запирање накрвопролевањето во Нагорно-Карабах.

Сакам да ја нагласам исклучителнта улога на Путин. За време насите 44 денови конфронтација, бевме во постојан контакт и разговаравме за неопходните мерки за запирање на крвопролевањето и заштита на човековите животи, истакна Пашињан на Самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност.

Тој најави дека ќе ја продолжи блиската соработка со Путин за решавање на прашањата како што се потрага по исчезнатите, размена на воените заробеници и размена на посмртните останки на загинатите.

Судирите во Нагорно-Карабах избија на 9 септември, алидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот, според која азербејџанските и ерменските сили останаа назаземените позиции, а во регионот се распоредени руски мировни сили.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот