Пармезан со микрочип: Како Италијанците го заштитија својот бренд

Фото: Instagram/ parmigianoreggiano

Италијанскиот пармезан е едно од најпознатите сирења во светот, на кое постојано му се закануваат бројни имитации. Конкуренцијата со години произведува поевтини имитации на омилениот млечен производ Пармиџано Реџиано, најчесто користен за тестенини и салати во Италија, пишува „Си-би-ес њус“.

Затоа, производителите на овој вкусен деликатес најдоа нов начин да го заштитат својот производ. Здружението кое го надгледува производството на сирење, „Пармиџано Реџиано“(„Parmigiano Reggiano“), неодамна објави дека става микрочипови во декларацијата, како дел од својата борба против конкуренцијата.

Фото: Instagram/ parmigianoreggiano

Под посебна заштита поставена од ЕУ, Пармиџано Реџиано е единствениот вид на сирење во Европа, што може да се нарече пармезан и мора да се произведува во северниот дел на Италија, вклучувајќи ги Парма и Реџо Емилија.

Здружението се надева дека ќе го заштити својот бренд со оваа нова технологија. Микрочиповите се со големина на зрно сол и се вметнуваат во етикетите што се наоѓаат на кората од сирењето. Чиповите може да се скенираат со кју-ар код за храна.

„Благодарение на безбедносните дигитални етикети на ролните на нашите сирења, можеме да им гарантираме квалитет на нашите потрошувачи“, изјавил Никола Бертинели, претседател на здружението.

Фото: Instagram/ parmigianoreggiano

„Од своето основање во 1934 година, нашето здружение се обидува да го заштити својот производ од конкуренцијата, што пласира слични производи на пазарот, а не ги исполнува нашите строги критериуми поврзани со начинот на производство и потекло“, додал Беринтели.

Во САД, овој вид на сирење не е заштитен, па производителите на млечни производи од Висконсин, прават различни видови на сирење што го нарекуваат пармезан.

Фото: Instagram/ parmigianoreggiano

Здружението законски го спречи американскиот прехранбен гигант „Крафт Хајнц“ да го регистрира името „Крафт пармезан“ во Еквадор во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот