Парите од „Мој ДДВ“ ќе легнат за две недели

фото: Слободен печат

За две недели ќе бидат исплатени парите од повратот на ДДВ што граѓаните го прават со скенирање на фискалните сметки, рече директорката на УЈП, Соња Лукаревска, пренсе „Телма“ Телевизија.

Директорката Лукаревска не сакаше да открие точна бројка на компании кои се казнети за неиздвање на фискални сметки – откако почна скенирањето на фискалните со што граѓаните се ставени во улога на инспектори, но посочува дека бројаката е поголема од сто.

Наплатата на даноците се одвива со добро темпо тврди директорката и годинава очекува како што кажа „брилијантна“ наплата на даноци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот