ПАРФЕМОТ НЕКА ЗБОРУВА НАМЕСТО ВАС: Што омилениот мирис открива за вашиот карактер?
Облеката што ја носиме, шминката, изборот на модни детали, сето тоа го отсликува нашиот карактер. Парфемот не е исклучок од тоа.
Оваа поделба е направена врз основа на мирисните ноти на парфемите кои жените ги користат.
1. Цветни парфеми
Ова е најстарата парфемска мирисна група. Речиси секоја жена ужива да мириса на пролетен букет цвеќе. Овие парфеми отсликуваат живост и женственост, но и смиреност, а во исто време и истакнување. Личностите кои сакаат цветен парфем се комуникативни, љубопитни и оптимисти, а во исто време и тврдоглави и романтични.
2. Ориентални парфеми
Личностите кои уживаат во ориенталните мирисни ноти зрачат со одважност, таинственост и сензуалност. Ваквите мириси ги бираат оние кои сакаат да бидат забележани, кои обожаваат флерт, а имаат длабок и испреплетен карактер кој ретко ги остава другите рамнодушни.
3. Цитрусни парфеми
Жените кои ги носат овие мириси се амбициозни, лидери, а во исто време и вистински пријатели, лежерни и не се плашат од промени. Иницијативите и предизвиците се секогаш во нивни раце, како и потребните промени што треба да се направат за да се дојде до решение на некој проблем.
4. Ароматично-зачински гурмански парфеми
Креативни, сакаат необични нешта, амбициозни, великодушни, но и љубители на природата – вака може да се карактеризираат девојките кои ги закаат наметливите зачински ароми кои потсетуваат на храна или десерт. Во љубовта најважно им е да се зачува слободата која ја имаат како личност.