Папата Франциск примен во болница за оперативен зафат

папа франциск
Папата Франциск / Фото EPA-EFE/FILIPPO MONTEFORTE

Папата Франциск е примен во болницата Гемели во Рим каде ќе биде подложен на операција на абдоменот. Се очекува тој да остане во болница неколку дена се до негово целосно закрепнување, објави Vatican News.

Во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светата столица се вели дека Светиот Отец „ќе биде подложен на операција на абдоменот под општа анестезија“.

Канцеларијата за печат додаде дека папата ќе остане во болница неколку дена „за да се овозможи нормален постоперативен тек и целосно функционално закрепнување“.

Во јули на папата 2021 година му беше отстрането дел од дебелото црево. Папата минатата година изјави дека не сака да го оперира коленото бидејќи општата анестезија при операцијата на дебелото црево му предизвикала непријатни несакани ефекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот