Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во поранешната гробница на Иван Павле Втори

Ватикан фото МИА

Покојниот папа Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во поранешната гробница на неговиот претходник Јован Павле Втори, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Неговото последно почивалиште ќе биде во криптата на базиликата Свети Петар. Телото ќе биде однесено таму во четврток. Пред тоа, папата Франциск ќе отслужи миса за Бенедикт пред базиликата во присуство на десетици илјади верници. Бенедикт почина во саботата наутро на 95-годишна возраст.

Папата Јован Павле Втори беше погребан во криптата по неговата смрт во 2005 година. Неколку години подоцна, неговите останки беа преместени до скулптурата Пиета на Микеланџело во базиликата Свети Петар, така што неговиот гроб во криптата е празен.

Телото на Бенедикт Шеснаесетти е изложено пред главниот олтар на базиликата, каде што илјадници луѓе оддаваат почит. Вистинското име Џозеф Рацингер, роден во Баварија, беше избран за папа во 2005 година, по смртта на Јован Павле Втори, а се откажа од папската функција во 2013 година поради лоша здравствена состојба и се повлече во манастир во Ватиканските градини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот