Паника во Барселона, Меси може да си замине кога ќе посака

фото:твитер

Барселона е подготвена да му понуди нов договор на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, нов договор до 2023 година само за да се осигура дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата. Но, во клубот не се сигурни дека Меси ќе го потпише договорот, открива весникот „Мундо Депортиво“.

Лионел Меси актуелниот договор го потпиша во 2017 година и според него со разни бонуси тој заработува околу 100 милиони евра годишно, но денеска се појави информација дека во договорот има клаузула според која Аргентинецот доколку сака, може во секое лето на сопствено барање да ја напушти екипата, пишува „Мундо Депортиво“.

Бидејќи информацијата за клаузулата која му дозволува на Меси да си замине кога ќе посака се појави во јавноста, завладеа вистинска паника кај челниците на Барселона.

„Мундо Депортиво“ исто така пишува дека челниците на Барселона веќе стапиле во контакт со таткото на Лионел Меси, Жорге, кој воедно му е и менаџер, за да започнат преговори околу новиот договор, но засега нема никаков напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот