Пандев потврди, ја игра последната сезона во кариерата

фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев за италијанските медиуми потврди дека ова е негова последна сезона во кариерата.

Пандев по настапот на Евро 2020 се повлече од настапите за македонската репрезентација, а сега најави и пензија кога станува збор за клупскиот фудбал.
Пандев ова го потврди во изјава за „Кориере дело Спорт“.

– Ова е моја последна сезона. Сакам да и помогнам на Џенова да обезбеди опстанок во Серија А и потоа да си одам. Не можам да одам доколку не биде завршена мисијата – изјави Пандев за италијанскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот