Пандев: Наполи е вистинскиот избор за Елмас

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас се очекува кариерата да ја продолжи во Наполи. Медиумите во Италија но и во Турција, објавија дека трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи е прашање на време. Според нив, се очекува да се договорат деталите околу начинот на исплата на обесштетувањето по што македонскиот репрезентативец ќе стави потпис на петгодишниот договор со италијанскиот тим.

Капитенот на македонската репрезентација и фудбалер на Џенова, Горан Пандев, е пресреќен што Елмас ја избра Серија А и Наполи за следна станица во кариерата.

– Елиф е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Може да игра на сите позиции во средниот ред, има добар преглед на топктаа, а може да игра и како офанзивен фудбалер за врска. Веќе разговарав со Елмас, не кажа ништо посебно, но ќе биде среќен ако дојде во Италија. Доколку Наполи успее да го ангажира, ќе направи голема работа – изјави Пандев за „Скај спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот