Пандемијата го крена рејтингот на Болсонаро

Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Неодамнешните анкети покажаа дека Жаир Болсонаро има големи шанси на изборите во 2022 година да освои втор претседателски мандат.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро никогаш не бил популарен од почетокот на мандатот во јануари 2019 година и покрај неговото спорно управување со здравствената криза, покажува денеска објавената анкета.

Стапката на поддршка за претседателот на државата која доаѓа од крајната десница порасна од јуни за 5 процентни поени и сега надминува 37 отсто, а стапката на непопуларност за падна за 10 поени и сега е 34 отсто, покажува анкетата на институтот Датафолх, спроведена на 11 и 12 август.

Ова е првпат од април 2019 година, во четвртиот месец од мандатот, стапката на поддршка за бразилскиот претседател да биде поголема од стапката на негативни мислења.

Голема шанса за втор мандат

Неодамнешните анкети покажаа дека Жаир Болсонаро има големи шанси на изборите во 2022 година да освои втор претседателски мандат.

Но епидемијата од коронавирус во Бразил во второто тромесечие загасна 8,9 милиони работни места и покоси повеќе од 105 илјади животи, што е најголем број на жртви после САД. Бразил во однос на населението (речиси 210 милиони) е осма земја во светот по бројот на умрени.

Исплата на месечна помош

Датафолха оценува дека сегашната стапка на популарност на претседателот Болсонаро делумно може да се припише на исплатата на месечна помош од 100 евра на милиони сиромашни Бразилци, за да можат да се носат со последиците од пандемијата.

Стапката на поддршка меѓу примателите на таа помош се искачи на 42 отсто.

Болсонаро може да смета на цврсто јадро на безусловна поддршка од оние кои го викаат Месија, посочувајќи на неговото второ име.

Пандемијата од коронавирус

Неговиот мандат го одбележаа бројни контроверзи, бројни заминувања на министри од владата, а најпосле и неговиот став кон коронавирусот кој го наречува „грипче“.

Минатиот месец и самиот прележа ковид-19 од кој заболи на 65 години, што го искористи за да истакне повторно дека за неговото опоравување заслужен е лекот хидроксиклорокин, иако за тоа нема научен доказ.

Датафолха ја спроведе анкетата меѓу 2.065 луѓе, со маргина на грешка од 2 проценти поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот