Панчев: Италија загуби од Македонија, па нека биде изненадување и на Сити – Црвена звезда

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев (58), познатиот голгетер на Црвена звезда и на југословенскиот фудбал, „Златната копачка“ за најдобар стрелец во европските лиги во 1991 година, еднаш и во Манчестер беше „деветката“ на црвено-белите.
Тоа е таа средба на европскиот првак од Бари со Јунајтед, освојувачот на Купот на победниците на куповите, кој никогаш немал реванш.
УЕФА одлучи поради неизвесната политичка ситуација на Балканот наместо два да се игра само еден натпревар како што беше тогаш во борбата за Суперкупот. Англискиот гигант победи на „Олд Трафорд“ со голот на Брајан Меклер со 1:0 во 67 минута.
Вечерва Звезда се враќа во Манчестер, но ќе игра (21.00 часот) против лутиот градски ривал на Јунајтед, Сити. Во првото коло најтешкиот можен противник е европскиот шампион, трикратен последователен шампион на Англија.
– Во квалификациите играа Италија и Македонија, се знае кој беше апсолутен фаворит, „аѕурите“ загубија со 0:1 и не настапија на Светското првенство. Заклучок: Ние, Балканците, немаше да бидеме ни такви ако не знаевме да сервираме изненадување. Еден од овие нека е на 19 септември, напред Звездо, играј Звездо – изјави Панчев за „Спорт Клуб“.