Падна холандската влада на Руте, коалициските партнери не можеле да постигнат договор за мигрантите

Марк Руте
Холандскиот премиер Марк Руте/ Фото EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Холандскиот премиер Марк Руте ќе поднесе оставка оти со коалициските партнери не успеа да постигне договор за мерките за ограничување на миграцијата, јави новинската агенција АНП, а пренесоа повеќе западни медиуми.

Во Владата има четири партии, ограничувањето на протокот на мигранти во Холандија ќе ја урна владата на Руте, која го почна мандатот во јануари 2022 година, а Руте е најдолгорочниот премиер на Холандија кој е на власт е од 2010 година.

Бројот на барања за азил во Холандија порасна за третина минатата година, на повеќе од 46.000, а Владата предвидува дека оваа година би можело бројот да се зголеми на повеќе од 70.000, што е над претходниот максимум од 2015 година.

Се очекува дека новите парламентарни избори ќе се одржат на есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот