Пациентката во Косово не e заразена од коронавирус покажаа резултатите

Косовската Универзитетска Клиника пред неколку минути ги објави резултатите од контролата извршена над пациентка, за која имаше сомневања дека била заразена од коронавирус.

Од клиниката за инфективни болести изјавија дека резултатот е негативен.

-Резултатот на пациентката е негативен за коронавирус!-, се вели во објавата на клиниката, на нивната страна на социјалната мрежа фејсбук.

Инаку се работи за државјанка на Велика Британија која работи во Косово.

Пред некое време, таа престојувала во еден Ски центар надвор од Косово, каде што дознала дека пет лица биле заразени од коронавирус.

Во моментот кога прочитала дека пет лица се заразени, почнала да кашла лесно, но без температура и други симптоми, и се упатила во Инфективната клиника за да направи контрола.
За среќа резултатите се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот