9 C
Скопје

Овој домашен спреј против комарци неверојатно делува, а се прави само од две состојки

Ако летото го минувате во природа, веројатно користите некои од средствата за одбивање на комарци. Сепак, средствата кои се природни и кои се направени дома се секогаш подобар избор.

Истражувањата покажале дека витаминот Б1 (тиамин) кој е растворлив во вода може да биде одлична одбрана од комарците. Се наоѓа во зелката, брокулата, спанаќот, тиквичките, модриот патлиџан и семките од сончоглед, а ако неговото ниво во телото е високо, на комарците ќе им мирисате многу непријатно и нема да ве напаѓаат.

А еве го рецептот за домашно средство против комарци.

Потребни ви се само две состојки – јаболков оцет и свеж магдонос.

Во сад ставете шака исечкан магдонос, додадете 100 мл јаболков оцет и добро изгмечете го магдоносот во оцетот.

Прочитајте и...  Секое утро се будела преморена, па ставила ноќна  камера: Се шокирала кога забележала две очи!

Оставете да отстои неколку часа, процедете ја течноста и ставете ја во шишенце. Ако миризбата ви е непријатна додадете неколку капки есенцијално масло по ваша желба и вкус.

Испрскајте од течноста по телото пред да излезете надвор, а меѓу употребата, средството чувајте го во фрижидер.

Поврзани вести

Рики Мартин со новиот имиџ ги разочара следбениците

Слободен печат

Ликот од песната „Божа Пуб“ на Балашевиќ навистина постоел: Ова е легендата за Петар Божаниќ

Милена Ризовска

Секое утро се будела преморена, па ставила ноќна  камера: Се шокирала кога забележала две очи!

Слободен печат

Најздрави природни грицки: смеете да ги јадете во секое време

Слободен печат

Џорџ Клуни прв пат откри кој филм го снимил пијан

Слободен печат

Јагнешки бут со рузмарин

Слободен печат

Остави Коментар